Мицкоски: Сегашната просечна плата не е доволна, работиме на тоа да ја зголемиме

Државниот завод за статистика објави дека просечната нето плата исплатена во мај годинава изнесувала 45.796 денари, што е за 11 проценти повеќе во споредба со истиот месец минатата година. На прашањето за оваа статистика, премиерот Христијан Мицкоски рече дека ова не е доволно и дека владата работи на тоа просечната плата да биде уште поголема.

„Првото нешто што сакам да го кажам е дека ова не е доволно, дека просечната плата треба да биде уште поголема и ние продолжуваме да работиме во таа насока како влада. Но, самиот факт што просечната бруто и нето плата се зголемува за повеќе од 11 проценти е побивање за сите тие некрофили во опозицијата“, рече Мицкоски.