Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, соопшти дека денеска се сретнал со претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед Бин Зајед Ал-Нахјан.
Мицкоски потенцира дека на средбата побарал да се земат предвид инвестициите во нашата земја во областа на инфраструктурата, агробизнисот и обновливите извори на енергија.
„Во рамките на мојата официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, се сретнав со претседателот на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Абу Даби, Х.Х. Шеик Мохамед Бин Зајед Ал-Нахјан, на чија покана се реализира оваа посета.
Целта е да се зајакне билатералната соработка и да се разгледаат можностите за инвестирање во инфраструктурата, агробизнисот, обновливите извори на енергија, туризмот, иновациите и новите технологии“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.