Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека државата треба да ја заснова својата политика на позициите на САД како стратешки партнер, особено во моменти кога во ЕУ има несогласувања за прашања како што е буџетот на ЕУ.
Мицкоски, денеска на новинарско прашање за ставот на Владата за глобалните случувања, истакна дека стратешка цел на државата е полноправно членство во ЕУ, но истовремено потсети дека САД се наш стратешки партнер.
„Ние како држава мора да се позиционираме заедно со нашиот стратешки партнер, убедени сме како влада дека тоа е насоката во која ние како држава мора да се движиме“, рече тој.
Премиерот рече дека во таа насока била и поддршката на Владата на Македонија за Резолуцијата поднесена од САД до Советот за безбедност на ОН, која се однесува на третата годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина.