– Власта во парламентот сака да ги провне законите за ДДВ, за солидарност и за персонален данок и со тоа да удри по џебот на лојалните граѓани. Тоа не е борба со сивата економија, изјави денеска во Прилеп Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање дали законите кои се во собраниска процедура ќе бидат товар за граѓаните.
-Тие закони кои планира Владата да ги протне во парламентот, „шверцерски“, повторно со злоупотребата на европското знаме, се, практично закони кои имаат за цел тие што и денеска се лојални граѓани и си ги исполнуваат обврските спрема државата, да ги натовари со дополнителни давачки. И законот за персонален данок, и законот за додадена вредност- ДДВ-то, но и законот за солидарност. Не претставува борба со сивата економија, не претставува броба против оние кои и денеска не се лојални и не ги плаќаат давачките спрема буџетот. Туку претставува дополнителен товар на оние кои се лојални. Тоа уште еднаш покажува каква влада имаме, за едни е мајка, за други е маќеа, рече Мицкоски.
На новинарско прашање за изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп, договорат за провизиите, изјави Христија Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната негова посета во Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање за изградбата на овој патен правец.
-Триесет и три километри ги градат седум години, требаше овој јули да се пушти, еве го јули дојде, абер нема од патот, а тоа е така затоа што не можат да се договорат со провизиите кој колку да земе, кој колку да подели овие кланови за кој што зборував на почетокот од моето интервју, рече Мицковски во Прилеп.