– Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари работна средба со министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска и со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, на која беше финализирана конструкцијата на проектот за зголемување на пензиите, соопшти владината прес-служба,
Со овој проект, како што се подвелекува, повеќе од 300 илјади македонски пензионери ќе добијат повисоки пензии почнувајќи од оваа година.
– Ваквото изборно ветување кое доби своја конечна форма ќе биде разгледано на првата седница на Владата, што ќе се одржи утре. Новата Влада останува посветена на исполнувањето на своите ветувања и продолжува да работи со посветеност за добробит на сите граѓани, се вели во владиното соопштение.