Премиерот Христијан Мицкоски денес зборуваше за локалните избори и преговорите меѓу коалициските партнери. Тој рече дека преговорите со ВЛЕН и ЗНАМ за локалните избори одат во добра насока и дека ќе се поддржуваат меѓусебно.
„Во однос на ЗНАМ, имаме принципиелен договор дека ќе настапат со свои листи на советници, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе настапат со свои листи, а во оние општини каде што ќе одлучиме да поддржиме кандидат, без разлика дали од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ или од ЗНАМ, едниот или другиот нема да номинираат кандидат, ќе се поддржуваат меѓусебно.“
„Во однос на коалицијата ВЛЕН, очекувам да ги поддржам кандидатите на оваа коалиција во првиот круг бидејќи цврсто веруваме дека партијата која не направи ништо повеќе од 20 години и чиј главен фокус беше издавање лиценци за марихуана, отворање казина и играње фудбал во канцеларии, мислам дека треба да биде поразена на овие избори и да влезе во историјата на македонскиот политички живот“, рече Мицкоски.