Мицкоски ќе присуствува на доделување на станови на социјално ранливите семејства во oпштина Велес

Мицкоски ќе присуствува на доделување на станови на социјално ранливите семејства во oпштина Велес

Денес 07.02.2025 година (петок) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на доделување на клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Велес (Блок 40-Локалитет 1ГП 2.1).

Објектот е со катност приземје и 5 ката, со 29 станбени единици и вкупно изградена површина од 1.843 м2.

Површината на становите е со површина од 39 м2 до 45 м2, а вкупната инвестиција на објектот изнесува 53.998.717,00 ден денари без ДДВ.

Исто така во Општина Велес ќе се пушти во употреба и реконструираниот спортски терен. Вредноста на проектот е во висина од 23.998.148,70 денари, а средствата се обезбедени од Министерството за спорт. Вкупната површина е 1849м2, односно плоштад 317м2, фитнес терен 95м2, спортско игралиште 1320м2, игралиште за деца 96м2 и пинг понг маса 21м2.