– Да им се даде приоритет на случаите поврзани со железничката несреќа кај Темпи и доколку е потребно, распоредување на највисоко можно истражно ниво, бара грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во дописот испратен до обвинителот од Врховниот суд Исидорос Дојакос.
Мицотакис пишува дека е потребно итно и длабинско расчистување на „сите криминални случаи поврзани со трагичната железничка несреќа кај Темпи“.
-За таа цел, барам од Вас, во име на грчката Влада, да им дадете приоритет на соодветните случаи и да ги доделите, доколку одлучите, на највисоко можно истражно ниво, пишува грчкиот премиер во писмото до обвинителот.
Додава дека во однос на „криминалната проценка на системски грешки во железничкиот сектор, вклучително и какво било доцнење во завршувањето на потребната технолошка надградба на инфраструктурите“, бара од обвинителот, нивната истрага да продолжи, независно од напредокот на работата на назначената експертска комисија.