Мицотакис: Мицкоски го употреби уставното име, Договорот од Преспа мора целосно да се почитува

На мој предлог ќе има вонреден самит што ќе се одржи на 3 февруари, фокусиран исклучиво на европската одбрана, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на прес-конференцијата што ја одржа доцна синоќа во Брисел по завршувањето на ЕУ-Западен Балкан. самит.

Како што пренесуваат грчките медиуми, на прашањето за изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за македонскиот народ, Мицотакис појаснил дека на колегата му рекол дека треба целосно да се почитува договорот од Преспа, како и употребата на името „ерга омнес“.

„Пред мене, односно на средбата што ја имавме вчера на Самитот, но и утринава кога се сретнавме заедно во рамките на подготвителниот состанок на Европската народна партија, тој го употреби официјалното и единствено име на државата кое е „Северна Македонија“. Понатаму, постои обврска да се користи „ерга омнес“.

И вчера и денеска ја повторив потребата од апсолутно почитување на меѓународните договори. Нема да го повторам моето мислење за Договорот од Преспа, но кажав дека нашата земја е должна да го почитува и соседната земја е должна подеднакво да го почитува и тоа е дефинитивно неопходен услов да го отвори својот европски пат“, рече премиерот Мицотакис за грчкиот медиум „Скај“.