Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш му испрати порака на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога и официјално ќе стане премиер, да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа, а во спротивно, единственото што тој може да се постигне е „непријатно прво искуство“ на самитот на НАТО на почетокот на јули.
Мицотакис синоќа зборуваше за Балканот, за односите со Македонија, за Договорот од Преспа, но и за перспективата на ЕУ.
„Во однос на Скопје мојата порака до кандидатот за премиер е многу јасна. Заврши предизборниот период. Договорот од Преспа, кој за нас имаше многу проблеми, но главното достигнување е име за секого, ерга омнес, мора да се почитува. И дајте категорична изјава, кога и официјално ќе ја преземе премиерската функција, дека го почитува Договорот од Преспа“, рече Мицотакис.
За тоа што би се случило во спротивно, тој предупреди на „непријатно прво искуство“ на Самитот на НАТО во првата половина на јули.
Тој нагласи дека имаат начин да им објаснат на своите пријатели, бидејќи, како што рече, го сметаат „народот на Македонија за пријателски народ“ дека, на крајот на краиштата, „ако сакаат да се приближат до Европа, патот кон Европа минува низ Грција и добри односи со Грција“, додавајќи дека истото важи и за Албанија.