Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе продолжи владината мерка за бесплатен јавен превоз за студентите во Скопје.
Мицкоски рече дека владата на денешната седница одлучила да му префрли 120 милиони денари на Град Скопје, односно на Јавното претпријатие, за да може оваа мерка да продолжи и следната година.
„Владата на денешната редовна седница одлучи да му префрли 120 милиони денари на Град Скопје, односно на ЈСП за да може оваа мерка без пречки да се спроведе во наредната календарска година.
Ова е дополнително олеснување за образовниот процес за студентите“, рече Мицкоски.