Почина контроверзниот бизнисмен и донот на црногорското подземје, Брано Миќуновиќ, кој зад себе остави шарена биографија.
Станува збор за човек кој се поврзува со многу познати личности, па дури и со претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, во деведесеттите години беше страв и трепет за „подземниот свет“ и до ден денес важеше за еден од членовите на „старата гарда“ .
Бидејќи по природа беше пркосен и принципиелен, не се плашеше од никого, па ни од Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Во интервју за „Балкан инфо“, Славица, сестрата на Ѓорѓе Божовиќ Гишка, инаку многу близок пријател на Брано Миќуновиќ, раскажала анегдота од времето кога Гишка бил убиен на боиштето во Хрватска.
Имено, како што рече таа, кога Гишка го донеле дома завиткан во знаме, таму бил и Аркан, кој дошол кај нивната мајка и побарал да му ги види раните, на кои таа му рекла дека нема што да да гледа, бидејќи доволно е таа што видела
Аркан, за да ја покаже својата почит кон Божовиќ, изразил желба да донесе луѓе кои ќе пукаат во чест на Гишка кога ќе го погребат. Мајка му и тоа го одбила, велејќи му:
-Нема ти за никого да пукаш, има кој да пука во него, тој има своја гарда! – алудирајќи на „Српската гарда“ чиј основач и командант бил Гишка.
Тогаш во тој момент на вратата од куќата се појави Брано Миќуновиќ, голем пријател на семејството Божовиќ , кој стоеше веднаш до Славица. Аркан му се обрати со зборовите:
– Го сакам, Брано, само затоа што умре како вистински херој, како што би умрел и јас.
Миќуновиќ го погледна Аркан и со смирен глас рече:
– Жељко, не се споредувај со него, тој беше број еден, потоа има пет празни места и потоа да се редиме понатаму.
Аркан збеснал и без збогум излегол од куќата .