Кога станува збор за слабеење, во последните неколку години се повеќе се зборува за таканаречената детоксикација на телото, за која многумина тврдат дека може да носи килограми како рака. Тие се претежно овошни пијалоци, а најпопуларен и најприфатлив е утринскиот детокс кој се состои од млака вода и малку исцеден лимон.
Секако, нема ништо лошо во пиењето на овој напиток, но нутриционистите не се согласуваат дека е „магичен“ и дека е важен фактор кога станува збор за слабеење.
Нутриционистката Марија Глушац, која на „Инстаграм“ ја следат повеќе од 34.000 луѓе, проговори на оваа тема и откри што мисли за овој се попопуларен утрински ритуал.
Зборуваше како дошол еден човек кај неа и рекол дека наутро пие топла вода и лимон, а за појадок оди во пекара и купува бурек.
„Јас велам океј, ако сакаш пиј вода и лимон, па вели да застане кај пекара и да си купи бурек. Но за нив таа вода и лимон е за слабеење, бидејќи некаде прочитале дека ги согорува масните наслаги , но потоа решаваат да изберат бурек. Тогаш им велам: „ Навистина мислите дека ќе ви помогне чаша топла вода со лимон ако после тоа јадете бурек?“, вели во видеото што го објави.
Како што нагласи таа, топлата вода со лимон не е магичен пијалок за слабеење , детоксикација или нешто друго.
„ За да ослабете треба да внимавате што и колку јадете, а водата со лимон е само уште еден начин полесно да ја консумирате препорачаната количина течност. Јас го земав бурекот како пример за висококалорична, но нутритивно слаб оброк и она што постојано го спомнувам „Никогаш не е проблем со една храна, туку со целата наша исхрана“, заклучи таа.