Обожавател на ѓаволот наречен „Канибал од Пуебла“ е уапсен во Мексико затоа што ја убил својата сопруга, ѝ го изел мозокот во тако и го користел нејзиниот череп како пепелник.
Осомничениот, идентификуван само како Алваро, бил уапсен во дом во Пуебла на 2 јули и приведен. Полицијата го обвинува 32-годишникот дека на 29 јуни под дејство на забранети супстанци ја убил сопругата – мајка на пет деца.
За време на испрашувањето, тој им рекол на полицајците дека Санта Муерте (Богородица на Светата смрт) и ѓаволот му наредиле да го изврши злосторството.
По убиството, Алваро го распарчил телото на жртвата Марија Монсерат Анимас Монтиел и ги ставил нејзините останки во пластични кеси. Некои од нив наводно ги фрлил во провалија зад куќата, а останатите ги задржал на имотот.
Според извори блиски до случајот, тој признал дека изел дел од мозокот на неговата сопруга во тако и користел дел од нејзиниот згмечен череп како пепелник, пишува Дејли мејл.
Два дена по убиството, тој и’ се јавил на една од неговите поќерки да го признае делото.
Мајката на жртвата, Марија Алисија Монтиел Серан, изјави за локалните медиуми: „Тој и’ кажа на една од нејзините ќерки да дојде да ја земе мајка и’ бидејќи ја убил и ја ставил во вреќи“.