Ќерката на пејачката и актерка Снежана Савиќ , која се роди од бракот со режисерот Драгослав Лазиќ, од мајка си наследи убавина, но и талент за глума и јавни настапи.
Новинарката и актерка Анита Лазиќ е родена во 1980 година. Дипломирала на Факултетот за политички науки, но сепак не можела да и одолее на љубовта кон филмот, па како и нејзините родители решила да влезе во светот на актерството.
Снежана и Анита се многу блиски и одлично се сложуваат, а убавината која ќерката ја наследила од мајка си е повеќе од очигледна. Сепак, нивната идилична врска еднаш беше доведена во прашање, кога Анита беше тинејџерка, а Снежана беше на врвот на кариерата и популарноста.
– Навистина ми пречеше што мајка ми се соблече пред камери, па затоа често не можев да одам на училиште – истакнала Анита во гостувањето.
Кога Анита била помлада, имала две големи улоги во сериите „Селани“ и „Ѕвездара“, а потоа решила да се врати на својот повик и започнала новинарска кариера.
Инаку, поранешниот сопруг на Снежана Савиќ, режисерот Драгослав Лазиќ (86), со кој ја има ќерката Анита, на 76 години стана татко на близнаци.
Имено, поранешниот сопруг на Снежана Савиќ се оженил со 32 години помладата актерка Драгана Туркаљ, а со неа на 76 години ги добил близнаците, ќерката Искра и синот Лазар.