Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во осминафиналето на Купот на кралот, бидејќи на гостински терен рутински го совладаа четвртолигашот Арандина со резултат 3:1.
Иако целиот натпревар го мина на клупата, најдобриот играч на кралскиот клуб Џуд Белингем направи потег кој ја одбележа играта.
Додека седел на клупата со соиграчите во дебела јакна, завиткан во ќебе, младиот фудбалер забележал дека момчето задолжено за собирање на топките се смрзнува во близина на допирната линија. Тој му мавна да дојде, но момчето остана неподвижно. Тогаш Белингам самиот стана од клупата, отиде кај него и го покри со своето ќебе.
По натпреварот, младиот собирач на топки откри дека не разбира што му кажува Белингам. Тој откри дека асот на Реал му е омилен играч и дека тоа му бил најубавиот ден во животот.