Група туристи, групно силувале девојка (20) откако била намамена во хотелска соба во Мајорка.
Девојката во четвртокот попладне на плажата во Палма запознала германско момче (20).
Локалните медиуми објавија дека по неколку пијачки се бакнале и дека таа потоа отишла во неговата хотелска соба. Девојката мислела дека ќе бидат сами, но таму имало уште пет млади Германци кои биле многу пијани. Жртвата изјавила дека се обидела да замине, но била спречена. Таа тврдеше дека некои од мажите ја силувале додека други ја гледале.
20-годишната девојка, која исто така е Германка, настанот го пријавила кај рецепционерот на хотелот кој веднаш ги алармирал надлежните.
Полицијата уапсила шест Германци за сексуалниот напад додека девојчето било пренесено во болница.
Агентите на Одделот за семејство и благосостојба на жените на националната полиција започнаа истрага.
Според локалните медиуми, осомничените тврделе дека девојката се согласила на сексуални односи. Британски турист беше уапсен на аеродромот во Палма во Мајорка претходно оваа недела, откако ја силувал својата девојка во нивниот хотел на островот.
Еден маж бил приведен додека се обидел да одлета дома откако неговата партнерка отишла во шпанската полиција да пријави дека ја силувал во бањата во нивната хотелска соба.
Британска туристка, била силувана на популарна плажа во Алгарве минатата недела. Жената (21) им кажала на полицајците дека нападот се случил на плажата покрај шеталиштето на плажата Праја да Роча, откако била одвоена од нејзините пријатели.