Млад шпански матадор е тешко повреден кога бик го наби на роговите за време на борба со бикови.
Толпата врескала од страв кога Алехандро Конкеро (28) бил набиен со рогови и неколку пати кренат во воздух на борба со бикови во Мадрид.
Вознемирувачкото видео го прикажува моментот кога бикот се нафрла врз младиот човек и почнува да го фрла во воздух. Можете да го видите и застрашувачкиот момент кога разбеснето животно му ги набива роговите право во ректумот!
Неколку други тореади брзо втрчаа во арената вооружени со розови и жолти наметки за да му помогнат да избега од полудениот бик.
Алехандро бил пренесен во болница откако лекарите во арената му констатирале пункција во пределот на анусот.
Конкеро е син на познатиот тореадор Хозе Конкеро познат како ураганот Хуелва.