Нови Пазар – Вистинската драма се одвивала во центарот на Нови Пазар кога според неофицијални информации од терен, младиот Ф.Б.(22) прво физички нападнал девојка, а потоа ја одвлекол во возило, упатувајќи се во правец на Сјеница .
-Веднаш била известена полицијата и започнала потера. Успешно стигнале до младиот човек, успеале да го запрат возилото и да го спасат девојчето, изјавил за агенцијата РИНА еден од очевидците.
Поради овој случај уапсени се три лица, на кои им е одредена мерка притвор до 48 часа.