– Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд денеска почна разговори со пакистанските власти за нова програма за заем, соопшти Министерството за финансии во Исламабад.
Шефот на мисијата Нејтан Портер се сретна со пакистанскиот министер за финансии Мухамед Аурангзеб за да почне разговори за нов аранжман со ММФ, со кој Пакистан најверојатно ќе бара најмалку шест милијарди долари.
Аурангзеб ги информирал претставниците на ММФ за подобрувањата на макроекономските показатели за време на претходниот стенд бај аранжман и ја истакнал посветеноста на владата да продолжи со реформите, соопшти Министерството.