Подесувањето на ретровизорот изгледа лесно и логично, но е исклучително сериозно и многу важно за безбедно возење. Се разбира, низ светот, милиони возачи сосема погрешно ги прилагодуваат страничните ретровизори.
Ако ги прилагодите правилно, вашето возење во сообраќајот ќе биде побезбедно, па ова е еден од главните предуслови за безбедност.
Најчеста грешка е кога луѓето се прилагодуваат да ги гледаат речиси сите нивни врати и крајот на возилото. Притоа, не сфаќаат дека е пресудно да се видат слепите точки, но и добар дел од сообраќајот позади вас.
Експерт од профилот на социјалната мрежа Инстаграм – The Art of Driving објаснува како треба да изгледаат правилно. Запомнете, важно е да ги гледате мртвите точки, но не заборавајте да „ѕирнете“ при брзото движење со главата за да видите дали се на страната која треба да бидат додека се менувате од една во друга лента.