МНОГУ ПОПУЛАРЕН ДЕСЕРТ- Султанската сарма се прави во неколку едноставни чекори (ВИДЕО)

Султанова сарма, или паша локум, во последно време е еден од најпопуларните десерти на социјалните мрежи. Има едноставен и лесен вкус, а исто така многу лесно се подготвува.

Потребни состојки:

  • 300 гр шеќер (можете и помалку)
  • 1 л млеко
  • 60 гр густин
  • 4 лажици какао
  • 100 гр путер (или маргарин за колачи)
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 кесички шлаг
  • 100 гр кокос

Подготовка:

Во тенџере на тивок оган загрејте ги шеќерот, млекото, густинот, какаото, путерот и ванилиниот шеќер. Оставете ја смесата да се готви додека не стане густа. Во меѓувреме во тавче 37х40 рамномерно распоредете го кокосовото брашно. Топлата смеса прелијте ја врз кокосот и рамномерно распоредете ја на тавата. Оставете неколку часа да се излади.

За тоа време изматете го шлагот според упатството на пакувањето. Премачкајте ја изладената чоколадна смеса со шлагот. Исечете ја тортата на правоаголници според саканата големина и внимателно виткајте ги за да ја добијат формата како на фотографијата.

Доколку не ви се допаѓа кокосот, можете да го замените со мелени бисквити, а во „сармата“ можете да виткате и банана за пополн вкус.