Пејачот Сем Смит го привлече вниманието на доделувањето на Brit Awards во арената 02 во Лондон. Имено, тој се појави во латекс костим со необичен облик.
Набрзо следеа бројни реакции на социјалните мрежи.
„Некој е очаен за внимание“, „Колку е понижен овој човек“, „Грозен“, се дел од коментарите на Твитер.
Сем не се задржува на критиките и неодамна изјави дека конечно се чувствува добро во сопствената кожа по години страдање од нарушување наречено телесна дисморфија.
“Ослободен сум од притисоците што ги чувствував кога бев помлад. Мајка ми вели дека со текот на времето научив да не се грижам што мислат луѓето за мене. Добро е”, рече тој.
Тој на доделувањето на Брит наградите ја изведе песната „Unholy“ со Ким Петрас. Тие двајца неодамна освоија Греми за најдобра поп изведба.
Сем пред неколку дена го објави спотот за песната „I’m not here To Make Friends“, кој исто така предизвика многу негативни реакции. Луѓето тврдат дека тој се обидува да ја нормализира порнографијата.
„Децата и тинејџерите можат да го гледаат ова без никакви ограничувања. Живееме во време во кое порнографијата се обидува да се нормализира“, изјави новинарот Алекс Филипс во емисијата „Добро утро Британија“.