Поранешниот фудбалер Жерар Пике зборуваше за хит песната на Шакира „Bzrp Music Sessions, Vol. 53“, во која Шакира го прозва него и неговата девојка Клара Чиа.
Зборувајќи со новинарот Жерар Ромеро на Твич, Пике навести дека неговата поранешна девојка не се грижи за чувствата на другите.
„Денес е многу модерно да се напаѓа човек, но не размислуваме за последиците што може да се појават на ментално ниво за личноста кон кои се насочени“, прокоментира тој и додаде:
„За една личност тоа излегува одлично, но за другата личност која е нападната не размислуваме”
„Што треба да се случи? Можеби некој ќе се самоубие, а ние ќе кажеме: „Ох, отидовме ли предалеку? Многу сум разочаран од општеството“, изјави тој, а ги критикуваше и обожавателите на Шакира.
Со сериозен тон, Пике откри дека песната на Шакира го натерала да се чувствува како да е мета на напади.
„Не знаете што добив од нејзините обожаватели. Не ми е гајле бидејќи тие се луѓе кои воопшто не ги познавам“, рече тој.
„Не знам, можеби немаат живот. Каква важност треба да им дадете? Нивната важност е нула. Никогаш нема да ги сретнете во животот, тие се како роботи“, додаде тој.
Да потсетиме, Шакира вчера ја напушти Шпанија со двата сина и со нив планира да започне нов живот во Мајами.