“МНОГУ СУМ РАЗОЧАРАН…“ – Таткото на Анџелина Џоли ја понижи славната актерка пред целиот свет поради една нејзина објава !?

Една од најубавите и најпознати актерки во светот, Анџелина Џоли (48 г.), неодамна на социјалните мрежи ја коментираше воената состојба меѓу Израел и Хамас и предизвика различни реакции во јавноста.

Додека светот гледа, и со активна поддршка на многу влади, милиони палестински цивили – деца, жени, семејства се колективно казнети и дехуманизирани, им се ускратува храна, лекови и хуманитарна помош спротивно на меѓународното право“, напиша таа во објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Со оваа објава таа го налути нејзиниот татко, познатиот актер Џон Војт (84 г.), кој сега отворено кажа што мисли за ставовите на неговата Анџелина Џоли.

Многу сум разочаран што мојата ќерка, како и многу други, нема разбирање за Божјата чест, Божјата вистина. Станува збор за уништување на историјата на Божјата земја, Светата земја, земјата на Евреите. Израелската Армија мора да ја заштити нејзината почва, нејзиниот народ. Тоа е војна“, изјави актерот.

Џон Војт

Анџелина Џоли се уште не се изјаснила за коментарот на нејзиниот татко, а сите се прашуваат како тоа ќе влијае на нивната врска, бидејќи во минатото имаа многу несогласувања. Згора на тоа, едно време, поради конфликтот, тие не ни зборуваа неколку години. Но, во 2017 година, во интервју за Vanity Fair, Анџелина Џоли откри дека татко и се вратил во нејзиниот живот, но и во животот на нејзините деца и гради врска со нив.

Да потсетиме, Анџелина Џоли наскоро го отвора „Atelier Jolie“. Станува збор за просторот каде што ќе се наоѓа нејзиниот бренд во Њујорк. Ќе има и кафуле кое ќе го водат бегалски организации. Всушност, таа обедини сè за што се залага во нејзината долга кариера.

Анџелина ЏоливојнаИзраелХамасЏон Војт