Потенцијалната опасност по здравјето на луѓето не се крие во адитивите кои се дозволени за употреба, ниту во нивните соодветни количини, туку во додавањето на адитиви во многу поголеми количини од дозволените. Исто така и во супстанциите што се додаваат за да се покачи производот. Адитивите немаат хранлива вредност и, како што гласат сите прописи, треба да се користат само оние кои не се штетни за здравјето на луѓето.
Конкретно, станува збор за протеински шипки, а според гастроентерологот Хармони Алисон, тие се полни со шеќер и адитиви, пишува Mirror.
„Никогаш не јадам протеински шипки. Тие обично се многу преработени и содржат големи количини на адитиви од непознато потекло, иако многу луѓе мислат дека тие се всушност здрави“, предупреди Хармони Алисон.
Хармони Алисон исто така додава дека природните извори на протеини како јаткастите плодови, семките од тиква и путерот од кикирики се многу подобра опција.
Адитивите, кои се претежно вештачки супстанци, се опасни по здравјето на децата и постарите лица, бидејќи човечкото тело кон нив се однесува како кон лековите. Добро познат факт е дека кај децата до три години системот за детоксикација во црниот дроб се уште е недоволно развиен, а кај постарите лица неговиот капацитет е намален, па сосема е јасно каков ризикот што им претставува употребата на овие хемикалии.
Одредени прехранбени адитиви како што се вештачка боја, бутилхидрокситолуен (BHT) и бутилхидроксианизол (BHA) и антиоксиданти за масти и масла предизвикуваат алергиски осип кај луѓето со веќе воспоставена хронична уртикарија.
Астматичарите кои не можат да толерираат аспирин, исто така, се покажа дека вкрстено реагираат на вештачка боја, ако на бензоати.