Еден од најуспешните и најдобир музички имиња од овие простори, Ѓорѓе Балашевиќ, го напушти светот на живите пред две години, но споменот за него и неговата музика не избледува и денес и ќе остави траен белег во многу животи.
Панонскиот морнар зад себе ја остави својата голема љубов, сопругата Оливера и нивните три деца – 38-годишната Јована, три години помладата Јелена и 27-годишниот син Алекса.
Иако со своите песни тој често ги искажуваше емоциите и пееше за своите најблиски, ретко кој знае дека стиховите од една песна ги посветил на својата сестра од чија смрт никогаш не се опорави легендарниот музичар.
До моментот кога беше хоспитализиран поради пневмонија, Ѓорѓе живееше со Оливер во куќата каде што е роден, на улицата „Јована Цвијиќ“ во Нови Сад, место за кое тој пееше и во неговиот хит „Неки нови клинци“, но ја споменуваше и неговата пет години постара сестра Јасна, за која тој бил многу приврзан.
Еден од најтажните моменти во животот на Панонскиот морнар била токму смртта на Јасна, за која тој никогаш јавно не проговорил бидејќи му било премногу тешко.
За неа се знае многу малку, но од неговите песни може да се заклучи дека била мажена и мајка на една ќерка. Некои медиуми пишуваат и дека музичарот и ја посветила песната „Наопака бајка“.