МНР апелира македонските граѓани да ја напуштат Сирија

Поради влошувањето на безбедносната состојба во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите наши граѓани кои се наоѓаат во оваа земја што поскоро да заминат од таму.

Исто така, апелираме да се одложат сите патувања во оваа земја.

Постои можност за дополнително влошување на ситуацијата, а со тоа и намалување на шансите за навремено заминување од Сирија.

Министерството, како и секогаш, ги става сите свои капацитети да им помогне на нашите граѓани и на СОС им го соопштува телефонскиот број на МНР +389 75 268 736 (маил адреса: globalsos@mfa.gov.mk ).