МНР: “ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати дека со едно видео за објаснување на преговарачкиот процес со ЕУ се разоткри нивната пропаганда“

ВМРО – ДПМНЕ не може да прифати дека нивните лаги и пропаганда за преговорите се разоткрија во само едно детално видео во кое прецизно беше објаснета содржината на преговарачката рамка, како и процедурите и принципите на преговарачкиот процес. На граѓаните им стана јасно дека ниту договорот со Бугарија ниту прегледите од член 12 нема да бидат пречка за напредок во европските интеграции, затоа што тие ниту се дел од поглавјата, ниту во одредниците содржани во акциските планови, ниту пак било каде во специјалниот дел од преговарачката рамка за кој ќе бидат изготвувани извештаи и по кои ќе се гласа. 

Европската интеграција на земјава претставува стратешки државен интерес за кој граѓаните, без разлика на политичката припадност, имаат право да бидат јасно и прецизно информирани за прашањата од кои зависи во каква земја ќе живееме во иднина. Граѓаните заслужуваат аргументирана политичка дебата, а не паушални и шпекулативни обвинувања за кои нема никаква основа. За жалење е што опозицијата наместо да ги изложи своите аргументи и јавно да ги објасни своите политички ставови, избира да се вклучи во измислени приказни со кои се обидува да ја избегне одговорност за политичкиот инает со кој настапува. 

Граѓаните заслужуваат европска иднина, Република Северна Македонија заслужува да продолжи успешно да ги води преговорите и одговорните политички лидери не треба заради тесни партиски интереси да ѝ застанат на тој пат на земјава.

СООПШТЕНИЕ – Министерство за надворешни работи

ВМРО-ДПМНЕМакедонијаМНРполитика