Во врска со најновите информации за влошување на безбедносната состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушниот простор на неколку земји во регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија ги повикува сите граѓани на земјата кои се наоѓаат на териториите на земјите од овој регион да ги следат националните портали за итни случаи и да дејствуваат во согласност со упатствата на надлежните институции во овие земји.
Во исто време, уште еднаш ги повикуваме сите наши граѓани да се воздржат од патувања во земјите од овој регион сè додека не се подобри безбедносната состојба.
Покрај претходниот повик до сите граѓани на Република Северна Македонија кои живеат во Израел да се обратат до Амбасадата во Тел Авив, ги повикуваме и граѓаните на земјата кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати да се обратат до надлежните амбасади во Доха и Абу Даби за сите потребни информации или прашања.