МНР: Мајка со три деца евакуирана од Израел, препораката против патување на Блискиот Исток останува на сила

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираше дека вчера, со лет од Тел Авив до Атина, се евакуирани четири државјани на Република Македонија, мајка и три деца.

До денес, вкупниот број на граѓани од нашата земја евакуирани достигна 12, осум преку Египет со владин авион и четворица преку Атина. Повеќето од евакуираните се деца, седум од вкупно 12 лица.

„Според информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, а земајќи го предвид прекинот на огнот што е во сила од 24 јуни и стабилизацијата на безбедносната состојба, граѓаните кои првично беа подготвени за итна евакуација во моментов го одложуваат своето заминување.“

„Ограничувањата поврзани со конфликтот со Иран се укинати и училиштата, институциите и продавниците повторно работат“, соопшти МНР.