МНР: Оштетена е и амбасадата на Северна Македонија од руските напади во Киев

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија најостро ги осуди ракетните напади на руската армија во Киев, со кои од нападите беше оштетена и Амбасадата на Северна Македонија во Киев.

„Министерството за надворешни работи и трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија во Киев.

Во исто време, ве известуваме дека за време на нападот беше зафатена и критичната инфраструктура во регионот на Холосејеви, вклучително и зградата во која се наоѓаат шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев.

При нападот нема повредени дипломатски персонал, но причинета е материјална штета на Амбасадата. Надлежните служби ја извршија првичната контрола на штетите во земјава и веќе работат на нивно санирање“, велат од МНР.