Министерството за надворешни работи на Македонија потврдува дека нашата земја ќе ги почитува сите меѓународни договори, вклучително и договорот од Преспа потпишан со Грција.
„Министерството за надворешни работи ја потврдува јасната ориентација на земјата во недвосмисленото почитување на уставните одредби, како и на сите обврски преземени на меѓународен план, како што е целосно почитување на Договорот за стратешко партнерство меѓу Република Македонија и Република на Грција, а познат како Договор од Преспа.
Во текот на изминатите седум години, двете соседни земји развија исклучително високо ниво на политички дијалог, што резултираше со повеќекратно зголемување на економската соработка и градење позитивни односи меѓу граѓаните. Овие придобивки произлегоа од членството на земјата во НАТО, отворањето на преговорите со Европската унија, како и унапредувањето на Стратешкото партнерство во стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави“, се наведува во соопштението на МНР.
Повикуваме, нагласуваат оттаму, на внимателност од сите политички чинители, особено од избраните државни функционери. Одржувањето на евроатлантскиот курс на земјата е основен стратешки интерес и гарант за долгорочната безбедност и стабилност на земјата.