Министерството за надворешни работи и надворешна трговија потврди дека во сообраќајна несреќа во Србија загина државјанка на Македонија.
„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија преку Амбасадата на Република Македонија во Белград е информирано дека вчера во попладневните часови во близина на населеното место Палојце се случила сообраќајна незгода во која животот го загубило едно лице, додека три лица се повредени.
Согласно информациите од амбасадата, лицето кое го загубило животот е државјанин на Република Македонија, додека повредените лица се државјани на Република Словенија.
Амбасадата во Белград е во постојана комуникација со надлежните служби на Република Србија и за сите дополнителни информации јавноста ќе биде навремено информирана“ наведуваат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.