Невремето околу коронавирусот стивна во текот на изминатата година, иако вирусот сè уште е со нас. Податоците за бројот на заразени, мутациите на болеста и начините за заштита од неа сè уште се пренесуваат низ медиумите, но тие веќе не се во центарот на вниманието. А сепак, во вторникот „протече“ информација од американските медиуми која го шокираше целиот свет.
Според „ Њујорк пост “, познатата фармацевтска компанија која се занимава со производство на вакцини во борбата против коронавирусот, Модерна, ангажирала поранешен агент на ФБИ да направи извештај за познати личности кои имаат негативен став за вакцинацијата.
Меѓу оние на листата најмногу се издвојуваат имињата на Новак Ѓоковиќ , Илон Маск и Расел Бренда. Секој од нив јавно ја критикуваше задолжителната вакцинација.
Како што се наведува во текстот на „Њујорк пост“, во Модерна се работи на формирање тим од службеници и „оддел за дезинформации“ кои треба да го следат нивото на јавното расположение во однос на процесот на вакцинација.
Меѓу другото, еден од извештаите што е нарачан и на кој би требало да работи поранешниот агент на ФБИ е насловен „Ѓоковиќ, крунисан за антихерој по победата на УС Опен“.
Да потсетиме. По две години отсуство од турнирот во ,,Големото јаболко” поради забраната за лица кои не се вакцинирани, Ноле победи на овогодинешниот УС Опен. Модерна беше против да се дозволи Ѓоковиќ да се натпреварува и оваа сезона бидејќи беа еден од спонзорите на натпреварувањето, но нивната желба не беше исполнета.
Поради коментарите во јавноста и на социјалните мрежи по триумфот на српскиот ас, во кои многумина ја исмеваа компанијата, сметаат дека тоа го нарушило угледот на компанијата и затоа ги презеле горенаведените постапки.
Да потсетиме, Ѓоковиќ никогаш не посочи дека е против самата вакцина, туку дека се залага за слобода на избор и отворено беше против наметнување задолжителна вакцинација.
-Никогаш не бев против вакцините, ги примав како дете, но секогаш ја поддржував слободата на избор на она што го внесувате во вашето тело. Принципите на донесување одлуки за моето тело се поважни од која било титула или што било друго. Се трудам што повеќе да бидам во хармонија со моето тело – изјави еднаш Ѓоковиќ.