Хрватскиот играч од средниот ред Лука Модриќ ја продолжува кариерата во Милан, потврди денес италијанскиот „Газета дело Спорт“.
Вчерашната посета на спортскиот директор на „росонерите“, Игли Таре, на подготовките на хрватската репрезентација во Риека беше клучна.
Таму, Модриќ се согласи да се пресели во Милан и да потпише едногодишен договор со можност за продолжување за уште една сезона.
Фабрицио Романо претходно објави дека повеќекратниот европски шампион испратил понуда до хрватскиот репрезентативец кој ќе го напушти Реал Мадрид ова лето.
Модриќ наводно ќе заработи 3,5 милиони евра за сезоната, заедно со бонусите што ги договорил.
Договорот би бил со важност од една година, со можност за продолжување на соработката до 2027 година.
Да ве потсетиме дека Хрватот ќе наполни 40 години во септември, но очигледно сè уште не сака да се пензионира.
Модриќ е најтрофејниот играч на Реал Мадрид во историјата и поранешен освојувач на Златната топка.