Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една сезона, до 30 јуни 2024 година, соопшти во понеделникот Кралскиот клуб.
Играчот од средниот ред во септември ќе наполни 38 години и моментално е на годишен одмор.
За Реал Мадрид настапува од август 2012 година и настапи на 488 натпревари и освои 23 трофеи.
Модриќ ќе се приклучи на тимот на почетокот на јули пред да замине на тренинзи во САД.
ТРТ БАЛКАН