Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ денес се збогуваше со навивачите на „Сантијаго Бернабеу“ и Реал Мадрид.
Имено, во последниот натпревар на култниот мадридски стадион, Модриќ и неговиот Реал го победија Реал Сосиедад со резултат од 2:0. Килијан Мбапе ги постигна двата гола за „Кралевите“.
Модриќ го напушта Реал на крајот од сезоната по 13 години во кои стана најтрофејниот играч на клубот во историјата.
Тренерот Карло Анчелоти, кој го извади Модриќ од игра во 86-тата минута, исто така го напушта клубот, што предизвика експлозија на трибините на „Сантијаго Бернабеу“, каде што играчите од двата тима формираа линија.
Инаку, најжестоките навивачи му оддаваа почит на Модриќ во текот на целиот натпревар, а кога тој за последен пат се упати кон клупата, овациите не престануваа.
Тони Крос исто така дојде во Мадрид да се збогува со него, а сцените на Модриќ како плаче додека се збогува со Реал Мадрид го обиколија светот.