– Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ (38) не е сигурен дали треба да го напушти тимот и покрај тоа што е незадоволен од минутажата што ја добива, пренесе „Фудбал Шпанија“, повикувајќи се на новинарот Матео Морето.
Според изворот, Модриќ моментално размислува за тежината на улогата кај „кралевите“ доколку остане и следната сезона.
Се нагласува дека за услугите на хрватскиот играч за врска се заинтересирани клубови од Блискиот Исток и американската МЛС лига. Покрај тоа, интерес пројавува и неговиот матичен клуб – Динамо Загреб.
Освојувачот на бронзениот медал на Светското првенство во Катар 2022 година запиша 35 настапи во сите натпреварувања оваа кампања, постигнувајќи два гола и давајќи шест асистенции. Неговиот актуелен договор со „белиот балет“ е до летото 2024.
Според порталот Трансфермаркт неговата пазарна вредност е 8 милиони евра.