Модриќ ѝ донесе победа на Барселона со една од најголемите грешки во кариерата: Во соблекувалната се расправаше кој е виновен (видео)

По поразот на Реал Мадрид од Барселона во финалето на Кралскиот куп (3:2), во соблекувалната дојде до расправија меѓу Лука Модриќ и Брахим Дијаз, по грешката што ја направи хрватскиот ас при додавањето за победничкиот гол на Барселона кој го постигна Жил Кунде.

Модриќ го обвини Брахим што не реагирал побрзо на додавањето, додека Брахим се правдал дека противникот брзо стигнал до него.

Модриќ му рекол на Брахим: „Требаше да бидеш побрз и да одиш по таа топка“, на што Брахим одговорил: „Кога се обидов да реагирам, тој веќе ме фати на контра“.

Оваа дебата беше една од многуте во соблекувалната по тешкиот пораз во продолженијата од Барселона, при што Каталонците победија со голот на Кунде во 116. минута.

Тренерот Карло Анчелоти подоцна објасни дека дошло до недоразбирање во интерпретацијата на додавањето меѓу двајцата играчи и дека понекогаш малите детали се клучни.

Да потсетиме, во спектакуларното финале на Копа дел Реј, Барселона по продолженијата го победи Реал Мадрид со 3:2, обезбедувајќи го својот 32. трофеј во ова натпреварување. Натпреварот одигран на стадионот „Ла Картуја“ во Севиља изобилуваше со возбудувања, пресврти и контроверзни судиски одлуки.