Свежата слива изобилува со витамини Ц, Б6, Б2, Б3, К, бакар, магнезиум, железо, калциум и содржи дури 240 милиграми калциум на 100 грама овошје. Консумирањето на околу 100 грама сливи на ден значително ги зголемува маркерите во крвта кои покажуваа зголемена густина на коските.
Освен што ги јакнат коските, сливите исто така го намалуваат ризикот од заболување со канцер на дебелото црево, а консумирањето на 12 сливи се проценува на дневна количина во текот на два месеци која го намалува лошиот холестерол.
Калиумот во сливите има добро влијание и врз притисокот, како и на здравјето на срцето.
Изобилуваат со растителни влакна, имаат низок гликемиски индекс и можат да помогнат во контрола на нивото на шеќер во крвта и да се намали ризикот од дијабетес тип 1. Тие можат да го намалат и нивото на триглицериди и глукоза во крвта, за што е заслужен лутеинот.
Консумирањето на природни и свежи овошки богати со витамин А придонесува за заштита од канцер на оралната празнина и белите дробови.