Можете да го замислете Брегивиќ како пее песна од Сандра Африка!? Се појави видео, Брега пее… (видео)

На социјалната мрежа ТикТок пред неколку години се појави видео на кое Горан Бреговиќ го изведува добро познатиот хит на Сандра Африка.

Можете ли да ги поврзете легендата на југословенската рок музика, Горан Бреговиќ и поп-фолк пејачката која возбудува многу мажи, Сандра Африка?

Иако звучи невозможно, Брега успеа со гитарата да го протолкува големиот хит на убавата пејачка.

Имено, тој пред неколку години кога гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ со гитарата почна да ја пее песната „Neko će mi noćas napraviti sina“!

Како што истакна, таа песна на Сандра Африка според него е многу добра!

Водителот Огњен Амиџиќ со ентузијазам му се придружи на Брега во изведувањето на хитот, а по завршувањето на шоуто и пејачката го сподели клипот.