ВЕРА Ванг беше олицетворение на гламурот во долг бел фустан на галата на БАФТА 2024. Модната легенда ги сврте главите во елегантен аутфит кој имаше соодветна качулка. Таа додаде остар шмек на својата комбинација со пар црни ракави.
Познатата дизајнерка, родена во 1949 година, стана вирална сензација на социјалните мрежи поради нејзиниот изглед кој им пркоси на возраста. „Те молам, Боже, во следниот живот да се родам како Вера Ванг“, „Воопшто не старееш“, „Инспирација“, „Убава и преубава“, се дел од коментарите на фановите.
Таа ја откри тајната на својот изглед
Ванг ја откри тајната на нејзиниот младешки изглед во интервју за BBC 100 Women минатата година. Покрај тоа што верува дека „добриот сон вреди злато“, на крајот од денот се почестува со коктел од вотка, кој го смета за магичен еликсир.
„Во мода сум од својата 19. Никогаш не размислував за својот изглед, веројатно затоа што секојдневно работам со најубавите жени на светот. Ги сметам за мои музи и можеби тоа е добар начин да се справам со стареењето. “, вели таа.