Веб-страницата World of Statistics објави интересна листа со рангирање на бројот на порно ѕвезди на милион жители, а на прво место се најде Чешка.
Во Чешка има 86,19 порно актери на милион жители, а потоа следи Унгарија со 85,05 ѕвезди од филмови за возрасни на милион жители.
Разликата меѓу првата и втората позиција во однос на третата е значајна ако се земе предвид дека по Чешка и Унгарија следат Соединетите Американски Држави со 27,25 порно ѕвезди на милион жители.
Pornstars per million inhabitants:
— World of Statistics (@stats_feed) November 4, 2024
🇨🇿 Czechia: 86.19
🇭🇺 Hungary: 85.05
🇺🇸 USA: 27.25
🇱🇻 Latvia: 20.53
🇵🇷 Puerto Rico: 16.36
🇯🇵 Japan: 14.15
🇨🇦 Canada: 10.18
🇸🇰 Slovakia: 9.81
🇪🇸 Spain: 8.30
🇷🇴 Romania: 7.95
🇩🇪 Germany: 7.45
🇷🇺 Russia: 7.06
🇫🇷 France: 6.03
🇦🇺 Australia: 5.54
🇪🇪…
Во првите десет се и Летонија, Порторико, Јапонија, Канада, Словачка, Шпанија и Романија.
Кога станува збор за земјите од регионот, на листата се Словенија со 2,86 и Србија со 2,79 порно ѕвезди на милион жители.
На самото дно на листата се Тајланд со 0,79; потоа следат Мексико со 0,73 и Јужна Кореја со 0,52 возрасни актерки на милион жители. Станува збор за податоци од веб-страницата Freeones од 2022 година.