Сите сакаат попладневна дремка.
Многу луѓе се навикнати на попладневен одмор кој го носи потребното чувство на свежина и енергија по напорниот работен ден. Сепак, колку што е пријатен и незаменлив дел од рутината, научниците тврдат дека може да биде и потенцијално опасен по здравјето. Имено, научниците откриле дека спиењето повеќе од 30 минути дневно го зголемува ризикот од неправилен срцев ритам, додека одморот од 15-30 минути го намалува ризикот од срцеви заболувања за 56%.
Станува збор за нарушување наречено атријална фибрилација кое предизвикува срцето да чука често ненормално брзо, а над 40 милиони луѓе ширум светот страдаат од ова нарушување и имаат пет пати поголема веројатност да добијат срцев удар.
Со цел да откријат како попладневниот одмор е поврзан со атријална фибрилација, истражувачите ги анализирале податоците на повеќе од 20.000 испитаници кои не страдале од ова нарушување на почетокот на студијата.
Испитаниците беа тестирани на секои две години и беа поделени во три групи:
- оние кои воопшто не спијат во текот на денот
- оние кои спијат помалку од 30 минути
- оние кои спијат повеќе од 30 минути
Докажано е дека луѓето кои спиеле 30 или повеќе минути покажуваат зголемен ризик од развој на атријална фибрилација, додека луѓето кои спијат помеѓу 15 и 30 минути го прават најдоброто за своето здравје бидејќи го намалуваат ризикот од срцеви нарушувања за дури 56%. !
– Претходните истражувања сугерираа дека одредени навики за спиење можат да играат улога во развојот на атријална фибрилација, но ова истражување е првото кое го поврзува дневниот сон со ова нарушување – изјави водачот на истражувањето, д-р Дијаз-Гутиерез.
Тој објасни за што се работи:
– Оптималната количина на дневен сон е помеѓу 15 и 30 минути , додека подолгото спиење го нарушува природниот ритам на телото, предизвикува почесто будење во текот на ноќта и често доведува до намалена физичка активност.
Од друга страна, пократкиот попладневен одмор му помага на телото да го одржува телесниот ритам, да го намали крвниот притисок и стресот.
– Особено е важно луѓето кои имаат проблеми со ноќниот сон да го избегнуваат дневниот сон , што често го прават за да го надополнат пропуштениот сон – заклучи докторот.