МОЖЕ ЛИ ГВАРДИОЛА ДА ЈА ИСПЕГЛА СИТУАЦИЈАТА !? Дани Алвеш има план: Еве како славниот фудбалер планира да излезе од затвор

Дани Алвеш е во затвор под обвинение за наводно силување на 23-годишна девојка во ноќниот клуб „Сатон“ во Барселона на 30. декември минатата година. Поранешниот репрезентативец на Бразил по девет месеци зад решетки реши да ја смени одбраната.

Имено, Дани Алвеш го отпушти адвокатот Кристобал Мартел и ја ангажираше Инес Гвардиола, која е специјализирана за сексуални напади и кривично право.

Ќе успее ли да ја „испегла“ тешката ситуација во која се наоѓа Дани Алвеш ? Бразилецот досега имаше пет верзии на одбраната во кои се обиде да ја докаже својата невиност, но медиумите пишуваат дека сега би можел да се договори со шпанските правосудни органи со оглед на тоа дека му се заканува казна затвор од осум до 10 години.

Како дел од новата одбранбена стратегија, може да се случи Дани Алвеш да се изјасни за виновен за делото за кое се товари, а жртвата да биде обештетена.

По обвинувањата за силување, со Дани Алвеш остана само неговата мајка Лусија Алвеш. Неговата сопруга Јоана Санз неодамна се вратила во Барселона со децата, а во меѓувреме ја прекинала и разводната постапка. Сепак, таа не се огласи јавно.

Првата сопруга и агент на Дани АлвешДинора Сантана, не сака да му даде поддршка на фудбалерот и за медиумите изјави дека била изманипулирана откако се запознале… Како и да е, вториот најодликуван играч во историјата на фудбалот (43 награди, Лионел Меси 44) чека долг и исцрпен процес.

БарселонаДани АлвешзатворсилувањеШпанија