Висок рускиот генерал задолжен за застрашувачките нуклеарни бомби „Сатана-2“ е уапсен во скандал што ја потресува Москва.
Заменик-директорот на руската вселенска агенција Роскосмос, Олег Фролов (61 г.) е осомничен дека бил дел од група која проневерила повеќе од четири милиони евра државни пари.
Според медиумите, Олег Фролов бил одговорен за руската државна програма за оружје во Роскосмос, каде што наводно го следел развојот и производството на најновото руско нуклеарно оружје „Сатана-2“ (или попознато како „Сармат“). Станува збор за најголемата балистичка ракета во светот, интерконтинентално нуклеарно оружје за „судниот ден“, тешко 208 тони, со големина на облакодер од 14 ката.
„Сатана-2“ би требало да влезе во „борбена готовност“ до крајот на месецот, но, исто така, се шпекулира дека ракетата не е соодветно тестирана и може да биде одложена до крајот на 2024 година.
„Олег Фролов ја искористи својата позиција за да заговара со уште двајца соучесници во злосторството. За време на извршувањето на договорот, тие украле најмалку 435 милиони рубљи јавни средства наменети за набавка на опрема“, се наведува во соопштението на рускиот истражен комитет.
На Олег Фролов и неговите соучесници им се заканува затворска казна до десет години.
Инспекторите го истражуваат целиот обем на наводната измама со Олег Фролов, кој претходно служел во руските ракетни сили.
Медиумите јавуваат дека е уапсен и Евгениј Фомичев, директор на истражувачката и производствена компанија „Геофизик Космос“, која произведува оптичко-електронски уреди за вселенски летала и напредни проектили.
Идентитетот на третото уапсено лице не е соопштен.
Олег Фролов, исто така, наводно бил вклучен во проектот за развој на хиперсоничен ракетен комплекс „Авангард“, кој е уште едно ново руско нуклеарно оружје и може да лета 27 пати побрзо од звукот.