„Украинските сили ги засилија напорите за ослободување на окупираниот град Бахмут и сега половина од руските сили се опколени“, соопшти денес командантот на украинските копнени сили, Александр Сирски.
„Во моментов, распоредувањето на руските сили наликува на лак концентриран во Бахмут. И половина од нив се опколени. Невозможно е да не се искористи тоа“, вели Александр Сирски во изјава за BBC.
Тој додава дека преземањето на градот ќе има симболична и стратешка вредност за Украина.