Како се крстил Новак Ѓоковиќ, раскажува Дијана Ѓоковиќ, мајката на еден од најдобрите тенисери во светот, кој и самиот постојано истакнува дека е посветен на верата.
Родителите на Дијана Ѓоковиќ се по потекло од Винковци, но бидејќи нејзиниот татко бил воено лице, таа пораснала на повеќе места, најмногу во Белград и Ниш, поради прераспоредувањата.
Самата Дијана Ѓоковиќ истакнува дека не пораснала во религиозно семејство и затоа верата не можела да им ја пренесе на децата.
„Моите родители се католици, но некако партијата и комунизмот ги воспитаа, а не религијата. Тие се декларираа како Југословени. Не ме учеа од детството, ниту имав што да верувам во Бог, ниту славевме Велигден или Божиќ. Не можев да им го пренесам тоа на моите деца затоа што го немав, ќе бидам искрена“, вака ја започнала својата исповед Дијана Ѓоковиќ за Sputnik.ru
Таа откриva дека Новак Ѓоковиќ се крстил заедно со неговиот брат Марко во мај 1992 година на барање на Станка, нивната баба и мајката на Срѓан Ѓоковиќ.
„Ниту во семејството на Срѓан не беа крстени затоа што не можеа или не им беше дозволено да се крстат. Станка ги крсти нејзините деца пред да умре. Така, во мај ’92 година, кога Новак имаше пет, а Марко немаше ни една година, конечно решивме да се крстиме“, открива таа.