Напуштањето од натпреварот на Војчех Шчесни во солзи го одбележа првото полувреме од првиот четвртфинален натпревар од Лига Европа меѓу Јувентус и Спортинг во Торино.
Шчесни во 41. минута од натпреварот побара докторска помош држејќи се за градите, а неколку негови соиграчи беа видно загрижени поради ова. По двоминутното лекување, полскиот голман во солзи тргна кон клупата, а навивачите на Јувентус го испратија со голем аплауз.
По натпреварот, тој навремено ги заврши обврските кои беа извршени на лице место на стадионот и собра сили да објасни што му се случило.
„Се борев да земам здив. Бев вознемирен и исплашен и затоа плачев“, објасни Шчесни.
„За среќа, сега сум добро. Направивме докторски преглед и се е во ред. Тестовите покажаа дека нема никакви проблеми“, додаде голманот на Јувентус.
Тоа се зборовите кои секако е убаво да се слушнат по сцените кои ги загрижија сите навивачи на стадионот „Алијанц“ во Торино.
Шчесни е еден од низата познати фудбалери кои имаат здравствени проблеми во последните години. Потсетуваме, Кристијан Ериксен беше оживеан од докторите на теренот на ЕП 2020 по срцев удар, додека Серхио Агуеро имаше и проблеми со дишењето во 2021 година во дресот на Барселона. Подоцна, на Аргентинецот му била дијагностицирана срцева аритмија, поради што предвреме се пензионираше.